еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Пандемијата е далеку од завршена, богатите да ги споделат вакцините со сиромашните, велат од Светска здравствена организација

Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.

– Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа е во наши раце, сите потребни алатки ни се достапни, рече генералниот директор на СЗО на конференција во Берлин.

Тој изрази жалење што досега „светот не ги користел овие алатки паметно“ и нагласи дека со „речиси со 50.000 смртни случаи во светот неделно, пандемијата е далеку од завршена“.

Шефот на СЗО зборуваше на свеченото отворање на „Светскиот самит за здравје“, годишниот собир на професионалци и политичари во Берлин.

Целта на СЗО е 40 отсто од населението на секоја земја да се вакцинира до крајот на годината и 70 отсто до средината на 2022 година.

Тедрос редовно истакнува дека жали поради акумулацијата на вакцини против Ковид-19 во богатите земји.

Според него, „тоа е можно само ако земјите и компаниите кои го контролираат снабдувањето ги претворат своите зборови во дела“.

– Земјите кои веќе вакцинирале 40 отсто од населението, вклучително и Г20, мора да ги препуштат своите количини во испораката на вакцини на меѓународниот систем Ковакс и Африканскиот фонд за набавка на вакцини (Aват) основан од Африканската унија, рече Тедрос.

Тој додаде дека производителите на вакцини мора да го споделат своето знаење, технологии и лиценци и да се откажат од правата на интелектуална сопственост.

Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во снимена видео порака, оцени дека „успехот на вакцините, развиени и пуштени на пазарот во рекордно време, е засенет од трагедијата на неправедната дистрибуција“.

МИА/Фото: Photo by Vladimir Fedotov on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Попови од возило ги прскаа улиците на Велес со света вода „против“ корона вирусот

Редакција

Општина Бутел вработува 18 државни службеници, плата до 25.000 денари

Редакција

Праските од рускиот ќе се префрлаат на британскиот, косовскиот или албанскиот пазар

Редакција