еМагазин
Image default
Македонија

Папата Франциск упати порака до македонските граѓани: „Најубавите мозаици се тие што имааат многу бои“

Папата Франциск непосредно пред неговата Апостолска посета на Северна Македонија на 7-ми мај во Скопје испрати порака до сите граѓани на нашата земја.

„Драги браќа и сестри од Северна Македонија,

Преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.

Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи.

Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.

Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој напор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.

Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.

Бидете од Бога благословени!“, пишува во пораката.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за историската посета: „Се моли Папата да појде за Охрид, бар ќе го направат автопатот конечно“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците во Скопје

Редакција

МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Официјално: Спасовски технички премиер, Царовска на местото на Анѓушев

Редакција