еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Парична казна за две лица од Валандово, не се самоизолирале и контактирале со повеќе лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија доставил предлог за издавање казнен налог против две лица за сторено кривично дело непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик, информираат од таму.

Во предлогот Обвинителството бара лицата да се огласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000 денари за двете лица.

-Обвинетите на 13-ти овој месец со авионски лет допатувале од Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус.

Во критичниот период од 14 до 17 март контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот нема да има и Евровизија

(Фото) Мерка за почит: Маркетите „Гранап“ со подни знаци против корона вирусот

Скринизи за рано откривање на корона вирусот освен во Дебар и Струга, можно е да се прават и на граѓани во Скопје

Вкупно 35 заболени од корона вирусот: Уште четворица нови пациенти од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиените во Челопек имале 52 и 28 години, убиецот сакал да убие уште четири лица од истото семејство

Редакција

(Фото) Со голема забава се прослави 30. роденден на Виталиа

Редакција

(Фото) Гимназија во Битола забрани мобилни на час и за учениците и за наставниците

Редакција