еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Парите барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, и порача Боки 13 на судијката Николовска-Масевска

Откако денеска во Врховниот суд ја слушна пресудата за „Рекет“, сега веќе осудениот Бојан Јовановски– Боки 13, најави дека деновиве ќе достави кривични пријави против „вистинските сторители на кривични дела во Македонија“.

На судијката Васка Николовска-Масевска пак и кажа парите од „Рекет“, за кои и во текот на судењето не се дозна каде се, да ги бара од Зоран и Вице Заеви.

„Донесовте политичка пресуда. Парите барајте ги од Зоран и Вице Заеви, не од Бојан Јовановски. Во однос на притворот, сметам дека е тенденциозен.

Сите овие месеци е покажано и докажано од ваша страна дека не се работи за обелување на правосудниот систем, туку преку мојот притвор се покажа дека има измешани садови.

Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да дозволите да отидам во Јавното обвинителство овие денови за сите вистински сторители на кривични дела во оваа земја.

Знам дека ќе ми го продолжите притворот, бидејќи така ви е наредено“, рече Јовановски.

Боки 13 доби затворска казна од 9 години.

Освен затворската казна судот донесе одлука и да му се конфискуваат 12 илјади евра.

Претставникот на обвинението пак,  Вилма Русковска, по објавувањето на пресудата истакна дека треба да му се продолжи мерката притвор, која ја издржува околу 11 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Русковска: Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушан сведокот Џемали Мехази: Судењето за „Маџар Телеком“ продолжува на 27. март

Редакција

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери за злоупотреба на службената положба и овластување

Редакција

Сите детали: Ќе се урива Универзална сала, летна сцена со парк на нејзиното место

Редакција