еМагазин
Image default
Македонија

Парите од „Рекет“ се уште не се пронајдени, Русковска смета дека се потрошени

Шефицата на ОЈО за гонење организираниот криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за 24 отворено на ТВ 24 потврди дека никој официјално досега не понудил спогодба за случајот „Рекет“.

Во врска со тоа дали клучните искази против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се од нејзината колешка Лиле Стефановска и обвинетиот Зоран Милески-Кичеец, таа рече:

„Тие не дале исказ на главна расправа, не можам да зборувам за искази на главна расправа, судиите треба да ги слушнат тие искази во судница“.

Таа потенцираше дека во истражниот тим има и форензичар кој ја убедил со неговата анализа дека снимката со Бојан Јовановски-Боки 13 и Кичеец е веродостојна, но дека парите се уште не се пронајдени и дека не биле обележани со што се отежнала истрагата.

„Лично мислам дека тие пари се протошени“, рече Русковска.

Таа одговараше и на прашања во врска со телефонскиот разговор што наводно Кичеец го имал од затворската келија, додека бил во притвор.

Во врска со чантата Луј Витон на Јанева, таа изјави дека чанта што е пронајдена кај Јанева имала иницијали КЈ и дека не е истата чанта од фамозната снимка со Боки 13 и Кичеец.

Русковска потенцираше и дека кртот од кој протекле исказите на обвинетите, се уште не е откриен.

„Исказите за кои се води постапка се дефинитивно од оние докази што ние во фотокопија ги дадовме во судот заедно со наредбата за истрага и предлогот за притвор за двајцата осомничени. Се гледа дека е снимено од фотокопија, а кај нас во Обвинителство се оригиналните. Не знам од кој суд излегле“, рече Русковска.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева изнесена од судница поради недоличните коментари кон Стефанова, ја нарече „гомнарке“, и „ороспијо“

Редакција

Од коронавирусот почина 76-годишна жена од Скопје

Редакција

Бугарија треба да покаже на сите нивоа на политичко делување дека се залага за интеграција на регионот во ЕУ, вели Ковачевски

Редакција