еМагазин
Image default
Македонија

Партијата го менува статусот: Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го менува статусот и ја укинува функцијата почесен претседател, најави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во емисијата 24 Отворено на телевизијата 24.

Со измените на статус, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој избега во Унгарија, каде стана азилант, повеќе нема да биде почесен претседател.

Но, тоа не значи дека партијата се оградува од Груевски, вели Мицкоски.

„Освен таа функција, се укинуваат и уште неколку други места во партијата“, рече тој.

На прашањето дали е ова обид за дистанцирање од тие политики, Мицкоски рече дека новиот статут е резултат на реформите во партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија нема да го екстрадира бегалецот Никола Груевски ни за случајот „27 април“

Се јави Груевски: Јанева му се заканила на Заев: “ако одам јас, ќе одиш и ти”

Груевски се огласи за сведочењето на Верушевски: Ова е најголемата бомба, снимките биле монтирани!

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има и нов кластер: Седум нови случаи со Ковид-19 и седум оздравени во кумановско

Редакција

Најстудено со најмногу снег во Маврово

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција