еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Партиите една година без договор за иднината на СЈО, погодете зошто

Неделава треба да биде појасно до кај е работава со донесувањето на Законот за Јавното обвинителство, со кој се одредува и судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое со последните случувања со неговата шефица Катица Јанева, која заврши во притвор, е турнато на колена.

Партиите како што изјави вчера премиерот Зоран Заев, и лидер на СДСМ, разговараат за оваа прашање скоро една година, а сега треба да го „фатат“ крајниот рок, 15 септември, типично во пет до 12 и покрај тоа што уште Господ остана од нив да побара да го донесат законот.

Оваа само по себе доволно покажува колку навистина на партиите им е важно постоењето на СЈО. Да беше некој закон за патните трошоци на пратениците или за финансирање на партиите, до сега 100 пати ќе се договореа.

Секако од авион се гледа и дека никој од политичарите не е среќен од помислата за постоење на едно силно СЈО, кое ќе се справи конечно со криминалите на претходната власт, но од се што видовме до сега, богами ќе има работа и со новата власт.

Според најавите работните групи од опозицијата и власта денеска треба да продолжат со преговорите, а веќе утре откако пратениците ќе се вратат на работа од одмор, Законот треба да дојде на дневен ред во Собранието.

Предлог решението предвидува спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал и корупција во Основното јавно обвинителство.

За да се донесе законот е потребно двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратеници, а Заев е оптимист дека истиот ќе се донесе оти како што вели биле прифатени дури над 80 проценти од барањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите ако навистина сакаат СЈО да се врати во колосек по последните случувања со Јанева, под итно ќе треба да договорат и вршител на должност на СЈО, оти од сите страни, со право, почна да се оспоруваат предметите на СЈО за кои се во тек судските процеси, поради притворената шефица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

По притворот на Катица Јанева: Непристоен предлог е „Рекет“ да не се политизира

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Какви се резултатите од гласањето по изборни единици?

Редакција

Обвинение за Јанакиески и уште десет лица за „Шпански скали“

Редакција

Во Белгија уапсен македонскиот фудбалски агент Драган Сиљаноски, како дел од скандалот со наместените натпревари

Редакција