еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Партиските лидери не договорија датум за изборите, нова средба следната недела

Лидерите на најголемите политички партии денеска не постигнаа договор за нов датум за парламентарни избори на лидерската средба што се одржа кај претседателот Стево Пендаровски.

Било договорено да бидат побарани дополнителни информации за можноста за организирање избори од Комисијата за заразни болести, од Државната изборна комисија (ДИК), како и информација дали и кога во земјата ќе можат да допатуваат претставниците на ОБСЕ/ОДИХР.

На средбата присуствуваа претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА. На средбата беа и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието, Талат Цафери.

Се очекува на почетокот на следната недела да има уште една средба кај Пендаровски на која би се продолжиле разговорите околу изборите.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) На партиските лидери пред да влезат кај Пендаровски им мереа температура

Избори за еден месец, во јули или во друг термин: Денеска лидерска кај Пендаровски

Кој доби покана за лидерската средба утре кај претседателот Стево Пендаровски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бучковски: Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева

Редакција

Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште

Редакција

Анализа: Проширувањето е повторно на агендата на ЕУ, бугарското вето е екстремно иритирачко, штетно и многу неевропско

Редакција