еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Патниците кои се возеле со заболената од корона вирус се во Скопје и Струмица, ќе бидат во изолација и под полициски надзор

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека заболената од корона вирусот која е на Инфективната клиника е во доба општа добра состојба, има лесна форма на болеста, односно зафаќање на едно белодробно крило, и не треба да биде ставена на респираторна машина.

Имајќи ја предвид нејзината општа состојба, Филипче оцени дека таа е во групата на заболени со големи шанси за лекување. Лекувањето вообичаено трае од 10 до 14 дена.

Тој информираше дека се идентификувани сите патници од комбето кои се возеле со заразената. Станува збор за деветмина лица.

„Четворица од патниците се од Скопје и се наоѓаат на  две локации и се комшии. Останатите пет со возачот се од Струмица, и се на три локации. Веќе се упатени екипи кон нивните домови каде што ќе останат во изолација 14 дена и ќе бидат под полициски надзор, како што налага протоколот,“ рече Филипче.

Екипите кои се упатиле на терен ќе одредат дали лицата ќе бидат во домашна изолација или ќе бидат префрлени на инфективен оддел за надзор.

Филипче истакна дека граничната полиција постапила одлично, односно сите граничари биле максимално заштитени при контактот со овие лица.

Според информациите од граничната служба, патничката не ги кажала точните информации според прашалникот, во спротива екипи ќе се упателе на самата граница.

Затоа, тој апелираше патниците да одговараат точно на прашалникот, бидејќи е важно за здравјето на сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Корона вирусот пристигна и кај нас, заразена жена која месец дена била во Италија

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ

Редакција

Миликије Халими имала универзитетската диплома, тврди Ковачевски

Редакција

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

Редакција