еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Павле Богоевски ќе биде во самоизолација бидејќи се вратил од Германија, во моментов нема симптоми на корона вирусот

Поранешниот независен пратеник Павле Богоевски и активист во Шарена револуција информираше дека ќе биде во самоизолација, бидејќи се вратил од патување од Германија.

„Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми.

Прво, сакам да му честитам на Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна рекација на ситуацијата. Начинот на кој се справуваат влева сигурност и дејствува смирувачки во целиов хаос и бура од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните.

Второ, сакам да укажам на можен проблем со имплементацијата на мерките. Иако нам ни се добро познати, забележав дека мал дел од патниците знаеја за мерките. Посебно делот за самоизолација и препораката за јавни собири,“ напиша Богоевски на неговиот фејсбук-профил.

Тој препорача, доколку се враќате од некоја од државите со среден и висок ризик, комуницирајте ги мерките со останатите патници.

„Маските се корисни, но нивниот бенефит е ограничен и на крајот, сепак ќе го дишете истиот воздух со сите други патници на таа дестинација. Така, неколкуте разменети зборови нема да ве изложат многу повеќе од што и без тоа сте изложени. Испратете им порака на сите пријатели за кои знаете дека патот може да ги носи натаму,“ советуваше Богоевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирус

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Фото: Фејсбук/Богоевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува бензинот БС-95

Редакција

Поскапува дизелот, поевтинува мазутот

Редакција

На членовите на Одборот на директори на Европа лани исплатени 2,4 милиони денари

Редакција