еМагазин
Image default
Македонија

Павле Богоевски и официјално поднесе оставка од пратеничката функција 

Пратеникот Павле Богоевски денеска до собраниските служби ја достави оставката, која ја најави на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката на дневен ред за одземање на мандатот на пратеникот и поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

За Богоевски, кој е претседател на Комисијата, беше објавен компромитирачки телефонски разговор, за што од опозицијата беше обвинет дека го крши етичкиот кодекс и е недостоен за вршење на пратеничката функција.

Независниот пратеник, кој е дел од пратеничката група на СДСМ, по ова најави дека ќе поднесе оставка, но откако ќе гласа за одземање на мандатот на поранешниот премиер Груевски.

Богоевски за МИА потврди дека веќе поднел оставка, без разлика дали на денешната седница во Собранието ќе се констатира оставката на Груевски или ќе се гласа за одземање на мандатот, како што предложи Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По оставката, Павле Богоевски има право на апанажа од една година

Антони Пешев, Хари Костов, Павле Богоевски: Оставките реткост во македонската политика

Обвинителството ги бара таксистот и дилерот од случајот во кој е вмешан пратеникот Павле Богоевски

МИА/Фото: Фејсбук/Богоевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанецот што почина од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Приведен и таткото на убиената Вања, три лица се во притвор, едно е недостапно

Редакција

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција