еМагазин
Image default
Бизнис

Пазар на недвижнини: Најмногу одобренија за градба во Аеродром, а најскап квадратот во Центар

На територијата на Град Скопје, во текот на 2018 година се издадени 4.219 одобренија за градба на станбени единици, од кои најголем број на одобренија – 1.380, се издадени од општина Аеродром, по којашто следува општина Центар, со издадени 1.072 одобренија за градба.

Овие бројки за издадени одобренија за градба во главниот град за минатата година сумарно беа соопштени на денешната прес-конференција на Fortonmka, консултантска компанија за комерцијални недвижнини и партнер на глобалната алијанса на Cushman & Wakefield – најголемата приватна консултантска компанија за комерцијални недвижности во светот.

Притоа, беше објавен Прегледот и движењата на пазарот на недвижности за минатата година, како и очекувањата за 2019 година, во сегментите на станбениот, канцеларискиот, малопродажниот и индустрискиот простор.

Што се однесува до станбениот сегмент, просечната нето цена по метар квадратен во Скопје е највисока во општина Центар и изнесува 1.062 евра/м2, потоа во општина Карпош – 1.022 евра/м2, по коишто следуваат општините: Аеродром – 909 евра/м2, потоа Кисела Вода – 884 евра/м2, Чаир – 790 евра/м2 и општината Ѓорче Петров со просечни 780 евра за м2.

Пазарот ги диктира и типовите на становите – најбарани се станбените единици со помали квадратури, од 36 м2 до 52 м2, односно со квадратури од 53 м2 до 67 м2.

„Цените во Скопје ќе останат стабилни. Но, доколку продолжи забавувањето на градежните активности, се очекува пораст на цената на станбениот простор на среден рок.

Инаку, традиционално, пазарот на станбен простор во македонската престолнина е стабилен и влева доверба кај потенцијалните инвеститори. Тоа е поткрепено и со показателот за процентот на нефункционални станбени кредити, којшто е под два отсто, додека овој процент на корпоративно ниво е позициониран на приближно десет отсто”, изјави Влатко Богоевски, извршен директор на Fortonmka.

Во оваа консултантска компанија за комерцијални недвижнини, пазарот на канцелариски простор го сметаат за стабилен, а како најактивни и главни двигатели ги детектираат локалните и веќе постоечките компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе расте цената на закуп на деловен простор во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска банка Скопје, Комерцијална, НЛБ и Халк банка

Редакција

„Европа“ ја зголеми добивката за 137%

Редакција

Бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал лани изнесувал 11.072 милионa евра

Редакција