еМагазин
Image default
Свет

Пазар за храна ново жариште на корона вирусот во Пекинг

Сите вработени и оние кои неодамна го посетиле пазарот Ксинфади, кој е ново жариште на Ковид-19 во Пекинг, ќе мораат да бидат тестирани, соопштија кинеските здравствени власти.

Со појавата на новото жариште на инфекција во градот, поради што се стравува од втор бран на епидемијата во Кина, градската управа соопшти дека планира да тестира околу 46.000 луѓе на 24 места за тестирање во Пекинг. Досега се извршени тестирања на 10.881 лице.

Кинеското Министерство за здравство соопшти дека вчера се потврдени 57 нови случаи на Ковид-19 во земјата, од кои 36 во Пекинг.

Сите се поврзани со големиот пазар Ксинфади, кој главно продава месо, риба и зеленчук. Станува збор за главно место за снабдување со свежа храна во Пекинг.

Благодарејќи на деталните контроли, носењето заштитни маски и мерките за карантин, коронавирусот речиси беше исчезнат од кинеска територија, откако кон крајот на 2019 година се појави во градот Вухан, па затоа откривањето на новото жариште во кинескиот главен град ги изненади жителите.

Ова откритие доведе до изолација на 11 населени зони. Сепак станува збор за многу мал дел од Пекинг, кој и понатаму живее нормално и без психоза.

МИА/Фото:Forbes

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина криела информации за Ковид-19, откриваат тајни снимки на СЗО

(ВИДЕО) Кина во среде пандемија со Ковид-19 сака да му ја одземе автономијата на Хонг Конг

(Видео) Корона вирусот може да доведе до нова Студена војна меѓу Кина и САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор конвој со хуманитарна помош пристигна на египетската страна на преминот Рафа

Редакција

Од 1 октомври ковид-пасошот задолжителен и во Ватикан

Редакција

Иран призна дека испорачувал борбени беспилотни летала на Русија

Редакција