еМагазин
Image default
Бизнис

Печатница „Киро Дандаро“: Незначителен пожар и без последици

АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола информира дека синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката се случил незначителен пожар и без последици.

Во изјава за МИА, директорот на печатницата АД „Киро Дандаро“ – Битола, Драги Милошевски рече дека опожарена е отпадна хартија и нема други штети врз ресурсите во фабриката.

– Опремени сме со високозаштитна против пожарна опрема и пожарот беше изгаснат. Не се случи ништо посебно, ниту се предизвикани материјални штети, потврди Милошевски.

Од Територијалната против пожарна единица – Битола, командирот Костадин Поповски, кусо изјави дека нивна екипа превентивно во 22:22 часот пристигнала во фабриката, но немало потреба од интервенција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спогодбата со Швајцарија за заштита на инвестиции би можела да биде искористена за меѓународна арбитража за рудникот „Иловица“

Редакција

Фабрика Карпош лани со добивка

Редакција

Aфриканската свинска чума се шири низ Македонија

Редакција