еМагазин
Image default
Локално

Педесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи кај Ботун

Педесет и петгодишен скопјанец загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Како што информираат од СВР Охрид, вчера околу 15:00 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) По 20 години реконструиран и пуштен во употреба затворениот базен во Струга

Редакција

Со нож му се заканувал на вработен во продажен салон на мобилен оператор во „Сити мол“

Редакција

Кривични пријави за скопјанец и Германец поради семејна прослава во угостителски објект

Редакција