еМагазин
Image default
Локално

Педесетина луѓе „окупирале“ полицајци во село Лојане

На 16.06.2020 во 13,15 часот, при вршење мотопатролна дејност на влез во с.Лојане, од полициски службеници било забележано патничко возило „Ауди А4“. По дадениот знак да застане, возилото не застанало и се упатило кон место викано „четирите куќи“, информира МВР.

Потоа, возилото застанало и од него излегле мигранти, кои се дале во бегство, а возачот на возилото останал до возилото. По преземените мерки од полициските службеници констатирано било дека се работи за А.И.(24) од с.Лојане.

Во моментот кога бил задржан од полициските службеници, околу службеното возило се собрала група од околу 50-тина луѓе од с.Лојане, по што од полициските службеници била побарана помош од друга мотопатрола од Полициската станица за Граничен надзор Сопот и А.И. бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одземени му се неколку возила и лични документи на други лица: Приведен лихвар од Свети Николе

Редакција

Жена пронајдена почината на улица во Скопје

Редакција

Со пиштол се самоуби старец од гостиварско

Редакција