еМагазин
Image default
Бизнис

„Пекабеско“ со зголемени приходи и нови вработувања

„Пекабеско“ АД за периодот јануари-декември 2019 оствари позитивен консолидиран финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 110,8 милиони денари и истиот е понизок за 6,8% во споредба со претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Главна причина е покачување на трошоците за вработени и поскапување на суровината на свинско месо“, додаваат од компанијата.

Оттаму информираат дека остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 5.046.800.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 5,4%.

„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 5,3%.

Приходите од извоз изнесуваат 655.800.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 се повисоки за 13,3%

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 4.938.100.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 6,4%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 65,3 милиони денари и кумулативно за 7 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 538 милиони денари“, соопшти компанијата.

„Пекабеско“ АД за периодот јануари-декември 2019 реализираше 18 нови вработувања.

„Испoлнувањето на финанскиот план за 2019 е извршен со 103,1% во делот на приходите од продажба и 86,8% во делот на добивката. За наредниот период компанијата очекува приходите од продажба и добивката да се исполнуваат согласно планираните резултати“, додаваат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40 години Пекабеско: Децениската успешна македонска приказна продолжува да се шири низ целиот свет

„Пекабеско“ ја зголеми добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема повеќе сметкопотврди како прилог кон фискалните сметки до 6.000 денари

Редакција

„Хидротек“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за одржување фонтани вреден 575.000 евра

Редакција

АСОМ: Целосно го отфрламе новиот предлог Закон за игри на среќа

Редакција