еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско за шест месеци со добивка од 57,3 милиони денари

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-јуни 2019 година оствари позитивни консолидирани финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 57,3 милиони денари и е понизок за 8,3% од 2018 година, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 2.296,8 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 4,1%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,8%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 4,2%

Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот јануари-јуни 2019 година изнесуваат 2.261,2 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 6%“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинувааат до денар и пол, дизелот поскапува за половина денар

Редакција

Бектеши оптимист дека Бугарија ќе ни продаде струја по пониска цена

Редакција

Цената на бензините се зголемува, а на дизелот се намалува

Редакција