еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пеколни темеператури и УВ зрачење уште денеска, утре попладне се очекува невреме

Портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, ќе биде активирано денеска на територијата на цела држава. Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 41 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…Се регистирани и зголемен број колапси на јавно место.

Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

Температурата ќе достигне до 40 степени. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, прво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево со температура до 37 степени, попладне пороен дожд и грмежи

Редакција

Сведоштво за пожарот во кој изгоре кафеаната „Мечка“: За година две, можеби ќе излезе на виделина промислата и зад овој пожар

Редакција

Познатиот штипски доктор Александар Стојановски почина на плажа во Грција, доживеал срцев удар

Редакција