еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Пендаровски ја „распламти“ Србија: „Подобро да молчи на јазикот, кој освен нас никој не го признава“

Остри реакции во Србија предизвика изјава на претседателот Стево Пендаровски за косовските медиуми дека се противи на идејата за корекција на границата меѓу Белград и Приштина.

Министерот за одбрана во спрската Влада, Александар Вулин рече дека Србија ќе одлучи како ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту некој ќе бара негово мислење.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара мислење од него, ниту му го прифаќа мислењето“, изјави Вулин.

Регираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој вели дека Северна Македонија направила сè за да ѝ се додвори на Германија како најмоќна сила во Европската Унија.

„Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате.

Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците“, изјави српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претседателот Пендаровски за момент „стана“ Црвенковски

Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена

(Фото) Претседателот Пендаровски пакуваше храна за социјално загрозени семејства: Повик за хуманост и донации

Фото: Кабинет на претседател/Влада на Србија/Претседател на Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 946 случаи на Ковид-19 од 2.564 тестирања

Редакција

Почина легендарната актерка Мира Фурлан

Редакција

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција