Лидерите на владејачките партии, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети се договорија на престојните избори да одат со заеднички кандидат за претседател на државата.
Кој ќе биде заедничкиот кандидат ќе соопштат утре.
Кој би можел да биде кандидатот?
Националниот кординатор за НАТО, Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, важат за најсериозните кандидати. И тројцата имаат подеднакви шанси да бида заедничкиот кандидат за претседател на државата од СДСМ и ДУИ.
Изминатиов период во јавноста и по медиумите се вртеше и името на вицепремиерката и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, академик Абдулменаф Беџети, поранешниот министер Денко Малевски, поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов, кој сам се пријави на огласот за претседател на државата на СДСМ…
Дали можеби ќе има изненадување со име кое до сега не е спомнато, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсим Зеколи: “ДУИ не е проблемот. ДУИ е последица. СДСМ е проблемот“
„А шо демек Вие сте немале секс со бивши, па им замерувате на ДУИ за ВМРО?!“: Твитер се „вжешти“
Фото: Влада