еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стево е безбеден, го сликале заради колата, вели Заев, Пендаровски убеден дека го следат

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска информираше дека утре во 20 часот во Владата ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба.

На новинарско прашање за изјавата на Мицковски дека ќе бара лустрација на сите политичари, Заев одговори дека ќе почека утре да види кои се барањата.

– Ќе ги соопштам и нашите и сите заедно како одговорности на сите политичари и политички партии ќе разговараме. За деталите е преурането и не би ги коментирал, изјави Заев.

Прашан зошто на средбата не учествуваат и лидерите на главните албански партии, Заев потенцира дека за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.

Мене ми е значајно, подвлече, да разговараме за престојните претседателски избори, за евроинтеграцискиот процес на нашата земја заради тоа што дури и НАТО не е завршено се уште.

– Да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев, додавајќи дека ќе разговара како премиер и претседател на најголемата политичка партија со шефот на опозицијата на тие теми, заради тоа што верува во заедничката одговорност пред историските одлуки што нашата земја треба да ги донесе.

На новинарско прашање дали претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е безбеден со оглед на тоа што тој изјави дека го следат одредени служби, Заев потенцира дека Пендаровски е безбеден.

Утврдено е, посочи, дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни, посочи премиерот.

– Веројатно има се уште одредени луѓе кои во својата глава прават можности за навoдни конструкции, за тајни планови, работат со квази патриотски здруженија и слично. Веројатно потребата им беше за алудирање тука, јас го знам заради тоа што тоа се апсолутно согледливи состојби што се случуваат во нашата земја. Дефинитивно нашата земја е безбедна, сигурна и стабилна, изјави Заев.

Прашан дали ќе и се извини на опозицијата која беше посочена како тајна служба, Заев меѓу другото истакна дека нема намера да се извини.

Пендаровски информираше дека вчера во попладневните часови во СВР Скопје поднел пријава на записник и чека надлежните служби во наредниот период да го одработат тоа што треба.

– Ако ме прашувате понатаму што јас знам повеќе за тоа – не знам, изјави Пендаровски и ги упати новинарите на изјава дадена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања од крајот на јануари кој зборувал за следење на јавни личности, па дури, посочи Пендаровски, на великодостојници на МПЦ, од некои параструктури.

– Можеби тука лежи одговорот. Меѓутоа, јас тоа не го знам, рече Пендаровски, потенцирајќи дека неговиот впечаток е дека е следен, но, како што рече, сака официјален орган да му каже дали е тоа точно и се разбира, дали е само тој предмет на следење.

Тој изрази надеж дека надлежните служби  си ја вршат работата и оти сите граѓаните, не само  јавните личности имаат доволна заштита, не само предисборен период, туку и потоа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Го следеле тајни служби со жолто југо. Ајде мајката!„: Твитер за следењето на Пендаровски од тајна разузнавачка служба

Пендаровски пријавил во МВР дека е следен

(ВИДЕО) Пендаровски вели дека не го следеле папараци, туку луѓе поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца

Редакција

Народната банка распродава лускузни автомобили

Редакција

15 прекршувања на полицискиот час, 393 казни за неносење маска

Редакција