еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски ги потпиша законите за реформа на безбедносните служби

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија и на Законот за Агенција за национална безбедност. Ова се клучни закони за реформа на безбедносните служби, сооопшти денеска кабинетот на претседателот.

Како што се потенцира во соопштението, со Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, што се носи за прв пат во Република Северна Македонија, се формира Совет за координација кој ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност.

Во Советот за координација се претставени сите институции кои имаат надлежности во сферата  на одбраната и безбедноста.

Со Законот за Агенција за национална безбедност прецизно се регулира собирањето на податоци и информации значајни за безбедноста и одбраната на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хазби Лика ќе стане член на Советот за координација на разузнавачката заедница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кој дојде на 29. роденден на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Откако Обвинителството ги отфрли кривичните против него, Муареми најави тужба за клевета за Русковска

Редакција

(Фото) Ковачевски во Минхен за првпат се сретна со Мицотакис

Редакција