еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот клуб, за Радев тоа е апсолутно неприфатлив чин на агресија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски го осуди нападот на бугарскиот клуб во Охрид.

-Го осудувам нападот на културниот клуб на бугарската заедница во Охрид.

Очекувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, преземање на сите мерки, со цел расчистување на случајот и одговорност за сторителите, напиша тој на Фејсбук.

Претседателот на Бугарија Румен Радев пак го окарактеризира нападот врз клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид како апсолутно неприфатлив чин на агресија, која, вели, со децении се гаи во Македонија против Бугарија и против Бугарите, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Радев, државниот врв на Македонија и општеството треба да разберат дека патот кон ЕУ минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на бугарското културно и историско наследство.

Ова, според Радев, е начинот на кој граѓаните на Македонија ќе тргнат по патот по кој многупати изразиле дека сакаат да чекорат – со почит кон заедничката историја и заеднички длабоки историски корени.

Тој рече дека кога имало огромен притисок врз Бугарија безусловно да и дозволи на Македонија да започне преговори за членство во Европската унија, тогаш тој двапати наметнал вето и го покренал прашањето пред бугарските сојузници и партнери во Европската унија за правата на македонските Бугари.

Радев, во изјавата по отворањето на фабриката за автоделови во Враца, повторно порача дека нивните права прво треба да се гарантираат со внесување во Уставот на Македонија и дури потоа да се отвори патот за преговорите.

Тој потсети дека овој став до последно го бранеле тој и бугарската дипломатија и додаде дека тогаш биле далекувиди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со оружје оштетено стаклото на бугарскиот клуб во Охрид, МНР со осуда

МИА/еМагазин/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој пратеник сам треба да си одлучи дали ќе се вакцинира или не, вели Џафери

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе инцијатива за распуштање на Собранието

Редакција

Алтернатива во недела ќе се изјасни околу партиципирањето во Владата

Редакција