еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски: Изјавата на Заев непримерна

Непримерна, со речник што може да навреди цели категории наши граѓани, вака претседателот Стево Пендаровски ја оцени изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер” да ја симнат оваа власт.

-Станува збор за непримерна изјава која користи речник кој може да навреди цели категории наши граѓани и во таа смисла мислам дека е добро што премиерот уште истиот ден се извини на оние кои се почувствувале евентуално навредени од тие некои зборови, вели Пендаровски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

И мене, додава, ми се случило да ми се испушти некоја изјава и ме критикувале за таа реченица, фраза или изјава. Меѓутоа, тоа така треба да биде.

– Така се станува сериозна демократија и никој од нас не треба да е нервозен или лут што јавноста така перцепира. Јас тргнувам и од себе – просто немам право на грешка, нагласува шефот на државата.

Истакнува и дека граѓаните, како и политичарите се под голем притисок поради брзото случување на настаните, но дека одговорноста на политичарите е поголема.

Во врска со „Рекет“, повтори дека е невозможно главните актери во оваа, како што рече, драма, да тераат годишни одмори, независно дали се претпоставено обвинети или обвинители.

МИА/Фото: Пендаровски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И по еден месец, без одговор на куп прашања за „Рекет„

Владата сама се руши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија за 20 години доставила само 165 иницијативи до Обвинителство, од кои само три дошле на суд

Редакција

Полицијата го повика на разговор Миленко Неделковски

Редакција

Со потпретседателката на Бугарија, Јотова за да промовираат бугарски проекти во Македонија, доаѓа и Петков

Редакција