еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Нема потреба за нова вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба да прогласи нова вонредна состојба.

Тој во денешното обраќање до јавноста рече дека постои законска регулатива во случај да има потреба да се применуваат мерките како што се полициски час или воведување други превентивни мерки.

Претседателот Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.

Третата, истотака, четиринаесетдневна вонредна состојба ја прогласи претседателот Пендаровски на 15 мај. Претходните две беа триесетдневни, а првата беше прогласена на 18 март.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што пратениците се самораспуштија.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Датумот за изборите е завршена тема за Владата

Заев: До сабота има можност за консензус со опозицијата за изборите

ДИК ги започна активностите за продолжување на дејствијата за парламентарните избори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како на филм: Во „Идризово“ затвореници со високи казни ископале 60 метри тунел и се подготвувале за бегство

Редакција

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот

Редакција

„Оли-травел“ го доби тендерот за општина Куманово за превоз на ученици вреден 76 милиони денари

Редакција