еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски не ги послуша ВМРО-ДПМНЕ, го потпиша Указот за Законот за јавно обвинителство

Претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието, меѓу кои и за Законот за Јавното обвинителство, Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, соопшти неговиот кабинет.

Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот: „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони.

Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот како надлежен државен орган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Пратеничката Пешевска и се нафрли на бившата сопартика Нола Исмајловска во Собрание

Бети Канческа не гласаше за Законот за јавно обвинителство

Како што соопшти вечерва неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ги потпишал указите за прогласување и на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, Законот за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, Закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за заштита на личните податоци, Законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило, и Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Денеска во македонското Собрание со 80 гласа „за“ пратениците го изгласаа Законот за јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека законот е донесен на криминален начин. За Законот се гласаше двапати.

За СДСМ пак процедурата за донесување на Законот била кристално чиста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за ЈО

СДСМ: Процедурата при гласањето на Законот за ЈО беше кристално чиста

Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Богојески немал бугарски пасош: Каракачанов веќе ја преминува црвената линија

Редакција

На концертот на Дуке Бојаџиев гореа 1.076 свеќи за спас на Охрид и крајбрежјето

Редакција

Убава вест: Во Радовиш излечени сите пациенти заболени од коронавирусот

Редакција