еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски: Нема потреба да избрзуваме со прогласување на кризна состојба во цела држава

Советот за безбедност проценува дека во моментов нема потреба да се прогласи кризна состојба на целата територија, како резултат на корона вирусот, информираше претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција.

Тој додаде дека ако е потребно во наредните денови, Советот ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба и во другите општини.

Според Пендаровски нема потреба да се избрзува со таква одлука, бидејќи институциите деноноќно ја следат ситуацијата, а кризата ќе трае, поради што ресурсите со кои располага државата треба да се користат рационално.

Претседателот истакна дека земјата ја управува ситуацијата подобро од другите земји во регионот и апелираше до граѓаните строго да ги спроведат мерките за заштита.

Утре, лидерите на партиите ќе одржат средба кај Пендаровски на која тема на разговор ќе биде одложување на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвораат сите гранични премини

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Метереолозите прогнозираат суво и ведро време за Нова Година

Редакција

Дојава за бомба и во основно училиште во Крива Паланка

Редакција

Со иновативната технологија на Македонски Телеком, Скопје станува Паметен град

Редакција