еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски во вторник на средба со Макрон во Париз

Потврдена е средбата на претседателот Стево Пендаровски со францускиот колега Емануел Макрон. Средбата, како што не информираат од кабинетот на претседателот, ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

Претседателот Пендаровски вчера во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

-Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш по последниот бриселски самит на ЕУ да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.

Тој посочи дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се Франција која беше против почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Париз инсистира на претходни внатрешни реформи во ЕУ и промена на методологијата за прием на нови земји членки.

Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември. На форумот се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.

МИА/Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец претседател на Албанија, зошто да не, во Црна Гора избраа Албанец за премиер, вели лидерот на МАЕИ, Стерјовски

Редакција

Се е легално, ќе тужам, вели сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка„

Редакција

Ревакцинирани вкупно 697.847 граѓани: 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина

Редакција