еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски за Груевски во интервју за БИРН: Само еден човек не може да го организира бегството

Претседателот Стево Пендаровски смета дека би било наивно и премногу симплифицирано, вината за сите дефекти во општеството да се сведува на еден човек. Пендаровски во интервју за БИРН нагласува дека застарувањето на делата покажува оти системски работите не се добро поставени.

-Сите што се разбираат макар малку во правосудството, знаат дека како што застарува предмет, во кој се инволвирани многу луѓе, адвокати, судии, поротници, медиуми што следат, за да застари таков предмет, не треба да се договориш само со еден човек. Не може само со еден човек да го застариш случајот! Повеќе луѓе и институции се инволвирани и јас не би го апострофирал само судијата, (не му го знам ниту името) кај кого конкретно застарел случајот, вели Пендаровски во интервјуто.

Тој нагласува дека амбицијата во неговиот мандат е да се напушти праксата претседателот да биде доживуван како промотор и понекогаш како непринципиелен заштитник на партијата што го кандидирала.

-Мислам да бидам мост меѓу власта и опозицијата и да бидам политичка позиција поставена над партиите, вели претседателот, кој во интервјуто дава коментар за состојбите во правосудството.

За него тие се клучни од аспект на евроинтеграциите. Тој ја повтори својата запрепастеност од застарувањето на случајот за поранешниот премиер Никола Груевски во „Траекторија“ и од неговото бегството.

Пендаровски останува на ставот дека „системски работите не се добро поставени“ инсистирајќи исто така на тврдењето дека за бегството на Груевски не може да биде одговорен само еден човек.

-Не е само еден човек тој што пропуштил да забележи дека се организира бегството на Груевски. Нему, по законот што тој го донесе во свое време, дадени му се неколку инспектори да го чуваат. Само тука не е еден човек во различни смени, додава Пендаровски.

-Јас тврдам, повторувам, само еден човек не може да го организира бегството“, вели тој. 

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН ќе предложи забрана на користење на Тик Ток во училиштата

Редакција

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Редакција

Германската невладина организација „Џуст аксес“: Постапките на Бугарија против Македонија претставуваат злоупотреба на меѓународното право

Редакција