еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Пензионерите „слаба точка“ на секоја владејачка гарнитура, посебно пред избори

Македонските граѓани веќе навикнаа во пресрет на изборите Владата да ги покачува платите во администрацијата и пензиите. Тоа во повеќе наврати го правеше поранешната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а со предлог буџетот за 2020 година истите чекори ги прави и Владата предводена од СДСМ.

Имено, во текот на 2020 година 60,7 милијарди денари се наменети за исплата на зголемени пензии како соодветно обезбедување на оваа категорија на население. Со буџетот за 2020 година е планирано покачување на пензиите за околу 700 денари, почнувајќи од јануарската пензија.

Во предлог-буџетот се вели дека ова зголемување е предвидено како дополнително, над редовната индексација со трошоците на живот, со цел да се овозможи соодветно ниво на пораст на животниот стандард и кај повозрасните лица, следејќи го подобрениот животен стандард на вработените.

И во тоа ќе немаше ништо спорно доколку нашиот пензиски систем би можел да опстојува без редовно дотации од државниот буџет. Имено, во изминативе години има континуиран пораст на буџетските средства што се одвојуваат за да се надомести недостигиот во Фондот за пензиско и инвладиско осигурување.

За ваквата неодржливост предупредија и од Светска банка од каде што укажуваат дека нашата држава мора да направи реформи на пензискиот систем во насока на амортизирање на фискалните притисоци.

Оттаму велат дека по меѓународните стандарди македонските пензиски трошоци се високи (над 10 отсто дод БДП) и ќе растат уште повеќе во наредните две децении доколку не се спроведат реформи.

Проекциите покажуваат македонскиот пензиски систем без реформи ќе продолжи да генерира значителен дефицит кој во моментот изнесува 4 отсто од БДП.

Сепак, наместо реформи и актуелната Влада пред изборите го одбра полесниот пат односно реши да ги зголеми пензиите со средства од буџетот, со што е зададен уште еден удар на одржливоста на пензискиот систем во земјава, кој во иднина ќе мора да го платат помладите генерации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коста Митровски веќе не е главен извршен директор на УНИ Банка

Редакција

„Само Крсто може да ја отвори вратата од ЕУ“: Твитер „експлодира“ чекајќи датум за преговори

Редакција

Само во Македонија: Украден паричник од починато лице од Ковид-19 во клиничкиот центар во Скопје

Редакција