еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Лиле Стефанова по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал, изјави дека со надлежниот обвинител споделила се што и е познато за случаите „Империја“ и „Рекет“.

„Свесна сум свесна за интересот на јавноста за истрагата за „Рекет“ и за сите допирни точки со истрагата за „Империја“ каде јас сум предметен јавен обвинител, а сведок од истрагата „Рекет“ е првооомничен во истаргата Империја“. Се што можев да споделам со јавноста јас го споделив во даденото соопштение во петокот.

Денеска дојдов овде во својство на сведок. Околу пет часа давав исказ како сведок и се што ми е познато за овој случај го изнесов пред надлежниот јавен обвинител. Имајќи го предвид мојот статус на сведок и тајноста на истрагата не можам да кажам нешто друго од она што веќе го имам споделено“, изјави Стефанова на излегување од Обвинителството.

Лиле Стефанова е надлежен обвинител за предметот „Империја“ во кој обвинет е бизнисменот Јордан Камчев, еден од актерите и во случајот „Рекет“.

Таа и нејзината шефица во СЈО Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Обвинителката Стефанова по објавувањето на видеото во кое беше спомната од Камчев, во пишана изјава до медиумите ги негира неговите тврдења, оценувајќи ги како обид да ја дискредитира како обвинител.

„Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски“, наведе Стефанова.

Таа искажа подготвеност да соработува со Обвинителствово за организиран криминал за комплетно да се расчисти целиот случај „Рекет“.

Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Вчера, пак, во Јавното обвинителство беше повикана за случајот „Рекет“ даде исказ  обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство.

Јосифовска претходно потврди дека таа го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на осмоничениот во „Империја“, Орце Камчев, но појасни дека одлуката била на Јанева и таа како нејзина заменичка била должна да ја потпише, бидејќи ја заменувала додека била на одмор. Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска даде исказ пред колегите од ЈО за случајот „Рекет“

Обвинителката од СЈО, Стефанова ќе сведочи во Обвинителството во вторник, по неа и Јанева

Обвинителката од СЈО, Стефанова: Јанева ни наложи да ги затвориме предметите и осомничените да не одат во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Детален преглед: 18 лица од новозаболените имале контакт со потврден случај на коронавирусот

Редакција

Малиот херој Јане со порака во ОН: Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината

Редакција