еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пет лица со симптоми на труење во „Бакал“ побарале лекарска помош, ресторанот затворен

По добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во „Бакал Бакеро“ с.Брвеница, Тетово, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од ПО Тетово изврши е вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство ПО Гостивар, информираат од Министерство за здравство.

„Општата санитерно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок.

Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и 6 брисеви од нежива средина прибор, рабтни површини, опрема.

Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација односно заради тоа што на ден 14 септември во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот „Бакал Бакеро“ од Брвеница, Тетово

Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потнцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е збранет и затворен за употреба се до добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви навреди децата трпат од родителите: Коњу, магаре, прост си ништо не разбираш

Силвана Жежова

Децата не се имуни на Ковид-19: Невозможно е да се разликуваат симптомите на новиот вирус и грипот

Редакција

(Фото) И доктор од Итна медицинска помош од Македонски Брод даруваше крвна плазма за пациенти со Ковид-10

Редакција