еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет нови случаи на корона вирус, четворица од Дебар една од Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека има пет нови случаи позитивни на корона вирус.

Четворица случаи се од Дебар, кои биле во контакт со веќе заразените, и една патничка која слетала од Виена, а доаѓала од Холандија.Сега се бараат 31 патник кои биле со нејзе во авион.

„Позитивни се четири лица од Дебар и една 54-годишна пациентка од Скопје која беше прегледана на Инфективната клиника која се вратила од Холандија ноќта меѓу 12 и 13 март. Развила симптоми еден ден претходно и денеска се јавила на преглед на Клиниката. Најдени се сите контакти од семејството, таа била во домашна самоизолација, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито кој ја возел од аеродром до дома, а во овој момент се контактираат 31 лице кои се вратиле со авионот кој пристигнал од Виена. Таа е со лесна клиничка слика и веќе се хоспитализирана. Со ова бројката на хоспитализирани на Клиниката е 14,“ рече Филипче.

Посочи дека изутрината биле тестирани седум лица, негативни се резултатите на три лица од Дебар кои биле контакт на заболените, на двете лица чии брисеви стигнаа од Центарот за јавно здравје во Штип и едното лице на Инфективната клиника во Скопје.

– Попладнето се тестирани уште десет други лица, седум од Дебар, од кои четири со симптоми кои биле во контакт со заболените, тројца кои беа избрани по малку поширока индикација се негативни и тројца други од Центарот за јавно здравје од Прилеп, еден од Инфективната клиника и еден од Инфективното одделение во Градската општа болница „8 Септември“, додаде Филипче.

Филипче додаде дека има и двајца позитивни пациенти кои се испитале на клиниката „Жан Митрев“, но тестовите ќе бидат повторени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора Меѓународниот аеродром Скопје, како превенција од ширење на корона вирусот

Димитров: Ве молам не патувајте се откажуваат летови, државите ги затвораат границите

„Гардијан“: Епидемијата на коронавирусот во Британија ќе трае до следната пролет во 2021 година

Ова се телефоните: Клиниката за психијатрија со психолошка поддршка за граѓаните, заради состојбата со корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6 лица кои починале од Ковид-19 минатата недела биле на возраст од 30 до 49 години

Редакција

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа бугарското Собрание

Редакција

Престижна награда за Завар дизајн “German Design Award 2020” во категоријата Excellent Product Design Energy

Редакција