еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Петар Денковски е нов генерален директор на Веро

Петар Денковски е назначен за нов генерален директор на Веропулос Дооел Скопје, кој доаѓа на местото на досегашниот генерален директор, Лукас Бисиас, информираат од компанијата.

Петар Денковски, дипломиран економист, е дел од Веропулос уште од самиот почеток, односно од отворањето на првиот Веро маркет во населбата Аеродром во Скопје во мај 1997 година.

Тој ја градеше својата професионална кариера поминувајќи ги речиси сите скалила во Веро, почнувајќи од секторот финансии, менаџер на маркет, регионален менаџер, менаџер за набавки, менаџер за комерцијала и маркетинг, а последните 10 години беше главен комерцијален директор на Веро во Република Србија.

Досегашната професионална кариера на Денковски ја одбележаа бројни постигнати успеси како на македонскиот, така и на српскиот малопродажен пазар. Тој одигра значајна и клучна улога во развивањето на брендот Веро во Македонија и неговото позиционирање како водечки синџир супермаркети на македонскиот пазар со препознатлива врвна услуга, широк асортиман на домашни и увозни производи и конкурентни цени, велат од компанијата.

“Успешниот начин на работење во Македонија, Денковски успеа да го пренесе во работењето и на Веро маркетите во Република Србија, каде благодарение на неговото лидерство, компанијата го зголеми пазарниот удел на многу конкуретниот малопродажен пазар на кој функционират големи интернационални синџири маркети и оствари рекордни резултати во работењето, за што сведочат голем број освоени награди и признанија.

Со долгогодишното професионално искуство на Денковски во малопродажбата и неговите извонредни резултати, во комбинација со неговата експертиза и уникатниот стил на управување, длабоко веруваме дека развојот и унапредувањето на нашата компанија ќе биде подигнато на уште повисоко ниво, со цел остварување на уште подобри резултати, креирање на нови проекти и реализација на амбициозни бизнис планови“, истакнуваат од Веро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре силен ветер, пороен дожд и грмежи, во четврток значително пониски температури

Редакција

Претседател на Судскиот совет може да биде било кој од членовите, а не само избраните од Собрание, одлучи Уставен суд

Редакција

„Кедра“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за набавка на парна турбина за РЕК Битола вреден милион евра

Редакција