еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Петар Стојковски од Витаминка се стекна со најпрестижното признание „Business Elite’s 40 under 40“

Петар Стојковски, директорот за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма.

Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстувањето на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.

„Стекнувањето со едно вакво признание е голема чест но и можност за отворање нови видици и перспективи.

Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците, се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален туку и на колективен план, пред се за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски од Витаминка.

Наградата „40 under 40“ претставува една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.

Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма која ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка.

Церемонијата „Business Elite’s 40 under 40“ се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti каде што официјално беа доделени статуетките на 40те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години, од 10 земји од Источна Европа меѓу кои и Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

78% од докторите пријавиле дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место

Редакција

Шпресим Ферати на директорското место на министерот за здравство Демири во Клиничката болница во Тетово

Редакција

Налепниците со кодот НМК ќе бидат достапни следната недела, МВР предлага да бидат бесплатни

Редакција