еМагазин
Image default
Македонија

Петер: Не бидете себични и гласајте, па потоа жалете се за резултатот

Претседателот на Советот на странски инвеститори во Македонија и претседател на Управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер денеска на прес-конференција во Стопанската комора го кажа својот личен став за референдумот во недела.

Тој упати порака граѓаните да излезат да гласаат, а како ќе гласаат тоа е нивно право.

– Важно е да излезете да гласате, активно да учествувате во демократијата, не да бидете себични и да размислувате за себе, туку за последиците од гласањето за иднината. За демократијата да функционира нацијата треба да учествува, а не да набљудува. Оној кој нема да гласа го губи правото да се жали. Гласајте, па потоа жалете се за резултатот – рече Петер.

Како што кажа, тој е австриски Европеец кој ја поддржал идејата за Европска унија уште во 1995 година на референдумот во Австрија.

„Патував слободно од Австрија до Германија без да покажам пасош, студирав без посебни дозволи, работев без да покажам лична карта.

Можноста да купам различни производи во Австрија ја гледав како предност, а не закана. Предностите се поголеми од недостатоците. Но тоа не значи дека немам критики кон ЕУ која се соочува со тешкотии како Брегзит. ЕУ нема заеднички глас за надворешната политика, бавна е при донесување на одлуки, постои голема бирократија.

Но сепак, ЕУ е најуспешниот проект на европскиот континент во 21 век. Успехот се однесува на мирот, безбедноста, стабилноста и перспективата.

Ниту еден мировен договор не траел подолго од овој на ЕУ. Граѓаните на ЕУ имаат највисок животен век и индекс на човеков развој.

Економијата на ЕУ е една од најсилните во светот и учествува со 23 проценти во номиналниот БДП во светот. Половина од финансиската помош во светот е од ЕУ, преку која таа сака да ги пренесе своите европски вредности.

ЕУ не е цела без Македонија. Како претседател на Советот на странски инвеститори, претседател на УО на ЕВН, сакам Македонија да биде дел од ЕУ, поради подобри бизнис услови и подобри услови за работа на работниците. Мотото на ЕУ е обиденити во различностите, па зарем Македонија не се вклопува совршено во тоа мото“, рече Петер.

Тој додаде дека членките на Советот на странски инвеститори се за полесно водење на бизнис во државата, а НАТО и ЕУ тоа го овозможуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петер: НЕ за ЕУ ќе значи помалку пари, инвестиции и извоз

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро

Редакција

Обвинителство: Реакцијата на Рускоска со „гаќите“ е израз на моментално разочарување

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 16 заболени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.251

Редакција