еМагазин
Image default
Бизнис

Петер: НЕ за ЕУ ќе значи помалку пари, инвестиции и извоз

Компаниите членки во Советот за странски инвестиции се за полесно водење на бизнис во Македонија, а НАТО и ЕУ се вратата кон полесно водење на бизнис, рече денеска на прес-конференција претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

Тој додаде дека Македонија во Европска Унија би била постабилна отколку надвор од неа, што би значело пристап до евтини кредити, финансиска помош од ЕУ за проекти како и стабилен пазар за извоз.

– Доколку Македонија каже НЕ на претстојниот референдум ќе го изгуби кредибилитетот, а со тоа и довербата односно вербата во иднината. Ако младите и децата немаат верба во иднината, најпаметните ќе заминат, ќе дојде до изолација. Едена милијарда евра финансиска помош од ЕУ за различни проекти, нема да дојдат во Македонија. Стабилноста на денарот би можела да биде нарушена, притисокот врз банкарскиот сектор ќе се зголеми, а ќе се намалат увозот и извозот. Компаниите ќе ја изгубат конкурентноста, ќе се намалат странските директни инвестиции бидејќи земјата ќе нема долгорочни перспективи, а ќе ја изгуби и конкурентноста во однос на други земји-кандидати за членство во ЕУ. Банкарскиот сектор ќе се стесни и кредитите ќе бидат поскапи – рече Петер.

Тој додаде дека ќе ги нема и позитивните аспекти кои сега ЕУ ги поттикнува во државата, а тоа е владеење на правото, поттикнување на подобра животна средина, како и подобрување на правото на потрошувачите.

– Важно е да излезете да гласате, активно да учествувате во демократијата, не да бидете себични и да размислувате за себе, туку за последиците од гласањето за иднината. За демократијата да функционира нацијата треба да учествува, а не да набљудува. Оној кој нема да гласа го губи правото да се жали. Гласајте, па потоа жалете се за резултатот – додаде Петер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петер: Не бидете себични и гласајте, па потоа жалете се за резултатот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со купувањето на Охридска банка од Шпаркасе: Глигор Бишев повторно меѓу „најголемите“ во банкарскиот пазар

Редакција

Германските инвеститори со уредба бараат прецизирање на Предлог-законот за недела да биде неработен ден

Редакција

Продаден блок акции од „Витаминка“ за 32.000 евра

Редакција