еМагазин
Image default
Локално

Петорица повредени во судар меѓу „БМВ“ и „Мерцедес“

На 20.03.2019 во 21.10 часот на регионален пат Скопје-Велес, во с.Трубарево, се случила сообраќајна незгода помеѓу  возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(46) од Скопје и возило „Мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.М.(26) од село Студеничани, скопско, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „Мерцедес“, Ќ.А.(45) и М.И.(18) од село Студеничани на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „Мерцедес“, А.И.(31) од село Студеничани.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападната 17-годишна штитеничка на домот во Тафталиџе

Редакција

Инцидент меѓу браќа во Скопје: Им го пресекол патот со црн мерцедес и им се заканувал со пиштол

Редакција

Поради физички напад врз сопругот, во Делчевско приведена 32 годишна жена

Редакција