еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Петстотини илјади „шлаканици“ од Светска банка за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Ќе се освестат ли политичарите во Македонија или ќе продолжат политиките да ги водат во насока на задоволување на партиските наместо на државните интереси е прашање што заслужува внимание откако вчера Светската банка соопшти дека 500.000 лица се иселиле од Македонија.

Загрижувачки е што дури две третини од овие лица се работоспосбни, од кои голем дел стручен кадар пред се од секторот информатичко-комуникациски технологии.

Уште позагрижувачки е што нашата земја заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина има најмногу одлив на високобразован кадар меѓу 24 земји од Источна Европа.

Како што велат во Светска банка, ваквите трендови во земјава ја доведуваат во ризик целата економија, пазарот на труд и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.

Ваквите наоди на Светска банка покажуваат зошто политичарите во земјава, а пред се ДУИ постојано бара начин да се одложи пописот на населението кој само треба да ги потврди овие факти.

Главна одговорност за катастрофата што и се случува на Македонија во однос на иселувањето е кај СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – партии кои во изминативе дваесетина години ја држат власта.

За жал, наместо да работат на задржување на младите и пораст на економијата, нивен главен интерес во изминатиов период беше да се задоволат апетитите за партиски вработувања во администрацијата и нивните бизнис интереси односно тие на политиката гледаа како механизам за лично богатење.

Доколку тоа не се смени во иднина, Македонија е осудена на пропаст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автомобил удрил во три малолетни девојчиња во скопски Чаир

Редакција

Ѓоковиќ по шест години изгуби на Австралија Опен, нема да може да се бори за 11. трофеј

Редакција

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

Редакција