еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ПИОМ ќе пропадне без буџетски пари: Бројот на пензионери расте побрзо од бројот на вработени

Собранието вчера го изгласа ребалансот на буџетот со кој меѓудругото Владата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување му додели дополнителни 660 милиони денари. Со тоа продолжува трендот на зголемување на буџетските пари кои секоја година се префрлаат во ПИОМ, бидејќи без тоа Фондот не би имал доволно средства за редовна исплата на пензии.

Вакквата незавидна сосотјба во која се наоѓа ПИОМ трае со години наназад, а главна причина за тоа е што бројот на пензионери расте побзо од бројот на вработени.

Имено, во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на ПИОМ во текот на 2017 година се укажува дека за покривање на дефицитот во ПИОМ лани од државниот буџет биле префрлени 28,4 милијарди денари, што е зголемување за 7 отсто во однос на 2016 година.

„Средствата кои се одвојуваат од централниот буџет на РМ до ПИОМ за покривање на дефицитот на име трансфери континуирано се зголемува секоја година при што учеството на овие средства во вкупните приходи се движи од 15,7 милијарди денаари или 35,7 отсто од вкупните приходи во 2011 година до 28,4 милијарди денари или 43,6 отсто во 2017 година“, утврдиле ревизорите.

Во извештајот се укажува дека според матичната евиденција на Фондот, вкупниот број на осигуреници во 2017 година изнесува 575.574 осигуреници, што во однос на 2016 година е зголемување за 5.406 осигуреници.

„Соодносот на бројот на осигуреници(вработени) и бројот на пензионери во периодот 2011-2017 година има тренд на побрз пораст на бројот на пензионери отколку бројот на вработени“, пишува во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИОМ пред колапс: Издатоците за пензии се зголемиле за 45% за шест години

Во ПИОМ немаат пари за пензии ама имаат милиони за кафани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител

Редакција

Гркот Елефтериос за љубов на Бети научи и македонски

Редакција

Во мирување штрајкот во „Пошта“, до 27 април треба да се потпише спогодба за повисоки плати

Редакција