еМагазин
Image default
Локално

Пиштол, фантомки, ножеви откриени кај скопјанец член на „Христијанско братство“

Основното јавно обвинителство Скопје почна истрага постапка против едно лице за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„При рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.9. 2018 година во 15 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје, пронајдено е оружје, и тоа пиштол, 43 куршуми од 9 мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје“, информира обвинителството.

Оттаму доаваат дека по барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „христијанско братство“, фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож, двоглед и друга опрема.

Јавниот обвинител од скопското обвинителство побарал притвор за осомниченото лице, а судот го прифати предлогот и му определил притвор од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукале откако ограбиле маркет во Скопје

Редакција

Заматена водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови

Редакција

(Фото) Голема посетеност на приказот на воздухопловите, возила и опрема од вежбата „Брз одговор 23“ во Куманово

Редакција