еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Писмо од наставничка која девет години поминувала по 236 километри до работно место и деновиве добила отказ

Наставничка патувала по 236 километри до работното место (Од Кичево до Љубојно, Ресенско) и по цели девет години никој не го примени законот во нејзиниот случај и не ѝ го трансформира работниот однос во договор на неопределено време. Ниту пак се смилува да ѝ најде работно место поблиску до местото на живеење. На крајот, по долгогодишната голгота по патишта, таа беше принудена да го напушти работното место.

Ова го напиша Здравко Савески на неговиот фејсбук-профил и го сподели писмото на наставничката Тања Симјаноски.

Нејзиното писмо го пренесуваме во целост:

„По 12 години работно искуство како најдобар наставник по македонски јазик во ОУ „Димитар Влахов“ во село Љубојно, Ресенско, новата учебна година не ја започнав.

На тој начин прекина мојата девет-годишна агонија, патувајќи по 236 километри на релација Кичево-Љубојно со малолетно детенце за да не ја напуштам одвај најдената работа.

Не постои инстутиција каде што не се обратив да ми помгне да се преместам во Кичево, каде што сум со место на живеење.

Но надлежните инстутиции се правеа наглуви и немоќни да помогнат, а си вработуваа свои роднини и партиски доброситуирани миленици, немајќи ни трошка жал и милост кон мене и моето измалтретирано семејство, нарушувајќи ми ја и здравствената состојба со секојдневните стресови.

Од денес сум невработена личност. Благодарение на нехуманото, нечовечко однесување на сите владини и невладини институции и нивното криминално и неодговорно работење, за кое се добро платени од сиромашниот македонски граѓанин.

Посебно сакам да ја потенцирам тоталната неактивност на претседателот на СОНК, кој наместо да се бори за правата на неговите членови, тој оди на гозби со владини функционери и ги штити нивните права.

А ако државата од негрижа ме принуди да останам без разбота, јас сепак ќе се обратам до судот во Стразбур да го презентирам непочитувањето на човековите права во Македонија со конкретен пример.

За мојот случај сакам да дознае цела македонска јавност, да види и чуе какви бездушници ја водеа и водат државата.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер во „црвено“ за пратениците: „Дното на општеството во највисокиот законодавен дом“

Редакција

(Фото) Aвтомобили запалени кај Бит-пазар

Редакција

Османи ќе го објавел Протоколот пред да се сретне со бугарската колешка Генчовска

Редакција