еМагазин
Image default
Македонија

„Писмото е од тој што е потпишан“, одговори Мијалков на прашањето кој го напишал писмото што му го прати на Мицкоски

Обвинетиот Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство денеска предложи нови докази во негова одбрана кои се однесуваат на исказите кои ги дал во ОЈО кога предметот бил во тоа Обвинителство.

Судијата Огнен Ставрев ја одложи денешната расправа за 13 ноеври со образложение дека покрај другите на следното рочиште треба да бида разгледани и овие докази кои Ибраими треба да ги достави до судот и до во СЈО во рок од три дена.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

На излегување од судот, обвинетиот Сашо Мијалков беше прашан за писмото кое го испратил до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и кој му го напишал, но тој не даде коментар туку косо кажа дека „писмото е од тој што е потпишан“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е „предавникот“ во ВМРО ДПМНЕ?

Сашо Мијалков „распали“ по Христијан Мицкоски: Ти си лажен патриот!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски до Заев: Колку и да бегаш, ќе те победам на парламентарни избори

Редакција

Во Богданци нови два случаи на Ковид-19

Редакција

Ќе му бидат конфискувани и 25 станови: Мијалков призна вината за „Империја“ и доби три години затвор

Редакција