Tаг-овите, кои се еден од начините преку кој што можете да ја платите патарината со електронскиот начин на плаќање, ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина.
Истите ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет. При електронското плаќање ќе има попусти од два до седум проценти.
Таг-овите ќе може да се купат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец по што во наредниот период продажната мрежа ќе се прошири во институции со кои ќе склучиме договори за дистрибуција.
Добрата работа е што со таг-овите во иднина ќе може да се плаќа патарина во други држави.
„Веќе сме во интензивна комуникација со институциите во Европска унија, транспортерите да можат секаде кога ќе патуваат низ Европа да можат да го користат тагот што ќе го набават тука“, рече вчера на отворањето на Контролниот центар на патарините кај Петровец, директорот на Јавното прептијатие за државни патишта, Зоран Китанов.
Како ќе функционира наплатата со таг?
– Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
– Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената.
– Износот на патарината што треба да се наплати го определува системот и штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Дисплејот за корисници поставен на островот на сообраќајната лента го покажува износот на наплатена патарина, категоријата на возилото одредена со преткласификација на возилата (the Pre-AVC class) и салдото на сметката.
– Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа на островот на сообраќајната лента се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
– Во случај на неуспешно плаќање, возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како да платите патарина доколку немате смарт-картичка или ТАГ
Сите детали: Како да платите патарина со смарт-картички, каде да ги купите и колку ќе чинат
(Видео) Стартуваше електронската наплата на патарините на Коридорот 10
Фото: Влада