еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Планинар се изгубил на Шар Планина, најден утрово во бачило

Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници.

Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река“.

– Во 20 часот и 40 минути, З.Б.(41) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека група од 8 планинари од Планинарското друштво „Љуботен“ се движела на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце и дека планинарот Г.И.(49) од Скопје, кој се оддалечил од групата, поради густата магла, залутал на косовска територија, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово се уште во критична состојба

Редакција

Кои варијанти на Ковид-19 доминираат во Македонија

Редакција

Започнува бесплатната вакцинација против сезонски грип, пристигнаа 60 илјади дози вакцини

Редакција