еМагазин
Image default
Македонија

Платформа против корупција: 94 закони предложени во декември 2019 не се објавени на ЕНЕР

Владата во декември го прекршила сопствениот Деловник, бидејќи од усвоени 120 закони, 94 не биле ставени на консултација на ЕНЕР (единствениот национален регистар на прописи), се вели во соопштението на Платформата за борба против корупција во која членуваат повеќе невладини организации.

Ова е утврдено со следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони преку редовно објавување на ЕНЕР.

„Ако се погледнат предлог текстовите на овие 94 закони и објаснувањата од подносителот ќе се види дека во најголемиот број се врши усогласување со Законот за прекршоци, но воедно сите глоби драстично се намалуваат од оние кои се моментално утврдени.

Напоменуваме дека, подносителот има обврска да го почитува Деловникот без разлика на содржината на измените, освен со исклучок кога се вршат интервенции од нормативно-правен карактер, и тоа: номотехнички интервенции, терминолошко усогласување со други закони и јазично или редакциско уредување на текстот на законот“, се вели во соопштението.

Согласно Деловникот на Влада, сите предлози за донесување закон, нацртите и предлозите на закони кои што ги предлага Влада до Собрание, надлежните министерства имаат обврска да ги објават на својата интернет страница и на ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и истите треба да бидат достапни за коментари од јавноста најмалку 20 дена од денот на објавувањето на ЕНЕР.

„Со ваквата пракса на масовно донесување закони по скратена постапка кои воедно не се објавени на ЕНЕР, јавноста и сите засегнати страни не се во можност навремено да се информираат, да дадат свој придонес и да се вклучат во подготовка на закони кои што ќе ги одразуваат потребите на граѓаните.

Напоменуваме дека оваа состојба беше констатирана и пред парламентарните избори во 2016 година што пак создава една негативна предизборна пракса.

Воедно сакаме да укажеме дека кај дел од законите за кои не е испочитуван процесот на консултации утврдено е дека постојат и измени и дополнувања кои не се само во форма на законско усогласување туку имаат и пошироко влијание“, се додава во соопштението.

Како поспецифични значајни законски измени или нови законски текстови кои не го поминале филтерот на ЕНЕР ги посочуваат предлог – закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, предлог-закон за изменување на Законот за стоковите резерви, предлог – закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, предлог- закон за изменување на Законот за работните односи, предлог- закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија

Тие апелираат до Владата и надлежните органи на државната управа да ги почитуваат пропишаните одредби од Деловникот за работа на Владата и да не ја избегнуваат обврската за достапност за консултации на сите предлог закони, вклучително и оние кои се донесуваат по скратена постапка, посебно имајќи ги во предвид транспарентноста и отчетноста за која се залагаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев контактирал со адвокатката на Јанева, Фрчковска, демантира дека ќе биде пуштена во домашен притвор

Редакција

Зеколи: Тевдовски навреме не разбра дека успешен министер кај нас мора да има свои гангстери, новинари, проститутки…

Редакција

Спасовски: Датумот за изборите е завршена тема за Владата

Редакција