еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Плати и надоместоци од 826.000 евра за членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка

Годишниот извештај на Комерцијална банка за минатата година објавен преку Македонската берза покажува дека на Управниот одбор се исплатени вкупно 50,8 милиони денари (826.000 евра) по основ на плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок и менаџерско осигурување, од кои 34,9 милиони денари претставуваат фиксен и 15,9 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок согласно политиката за наградување.

Во текот на 2018 година во Управниот одбор на Комерцијална банка членуваа Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, Илија Илоски, главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка оствари добивка од 28,9 милиони евра

Во Комерцијална банка сефови имаат 4.700 граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Албанија „цвета“ бизнисот со бугарски пасоши, Стерјовски ги открива цените

Редакција

Граѓаните со попреченост над 65 години може да бараат исплата на надоместок, одлучи Уставен

Редакција

Во март 373 одобренија за градење, за 10% повеќе од лани

Редакција