еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Хрватскиот премиер Пленковиќ: Огромен број земји се за старт на преговори со Македонија и Албанија

Јасно се заложивме за отворање на преговори и со Северна Македонија и со Албанија. Огромен број земји го дели тој став, но за жал поради еден помал број држави не дојде до единствен став и не беа усвоени заклучоци. Хрватска жали поради тоа, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел пред почетокот на продолжението на Самитот на ЕУ.

Сметавме, додаде Пленковиќ, дека ова е добар момент, дека двете земји според мислењето на Европската комисија направија значителен напредок за да почнат преговори.

– Тој став не го делат неколку земји. Треба да се продолжи да се инсистира на ова прашање и пораката што мора да ја испратиме на наште пријатели во Северна Македонија и Албанија е да продолжи со реформите, а дека ние од своја страна како огромно мнозинство земји во Советот на ЕУ ќе продолжиме да ги поддржуваме на европскиот пат, изјави Пленковиќ

Аргументите на земјите кои се противат, според Пленковиќ се „многу тенки“, наспроти аргументите на оние кои се за старт на преговори. Сметаме дека неносењето одлука не е на ниво на историската одговорност што ја има ЕУ.

Запрашан за француското барање за реформа на преговарачкиот процес и дали има време тоа да се направи во краток рок, Пленковиќ нагласи дека таква опција е нереална. Тој оцени дека процесот на пристапување сега значително е усложнет и заострен, а преговорите со кандидатите за членство траат многу подолго од порано.

Според него, предлагачите на ваквите измени треба да кажат што треба и како да се реформира преговарачкиот процес.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во седум земји-членки на ЕУ е воведен дигитален ковид-пасош

Редакција

Украина „не е блиску“ до стандардите потребни за кандидатски статус за членство во ЕУ, вели висок дипломат

Редакција

Антикорупциска комисија во извештајот на ЕК е нотирана како проактивна во превенција на корупцијата и во отворање голем број предмети, вели претседателката Ивановска

Редакција