еМагазин
Image default
Локално

Плинска боца за кафе предизвика пожар во зградата „папагал„ во Скопје

Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:30 часот. Противпожарната единици интервенираше пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а околу 23 часот и целосно го изгаснаа пожарот.

Повредени нема. Изгорен е станот во кој избувна пожарот, а неколку соседни станови се оштетени.

Спред првичните сознанија, причина за пожарот била плинска боца.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Јато фламинга на Охридското Езеро

Редакција

Детали од Обвинителството за сообраќајната несреќа на патот Велес – Штип

Редакција

Нови цени за јавните паркинзи во Битола

Редакција